A pioneer in healthcare

LOUIS ROEDERER CRISTAL

Најпознатото вино во асортиманот на куќата Louis Roederer е Cristal. Ова вино е настанато во 1876 година да ги задоволи потребите на Царот Александар II, за царот да може да се воодушевува на меурчињата и на златната боја, и со рамно дно заради тоа што Александар се плашел од можноста атентатори да постават експлозив во вдлабнатината на дното на шишето. Поради квалитетот на стаклото кое е потребно да се постигне тоа, како и поради тоа што бил единствен шампањ во такво шише станува познат како КРИСТАЛ. До 1945та Кристал се произведувал само по нарачка.
Кристал е маркантно балансиран и рафиниран шампањ, чија должина на чувствување на вкусот е бесконечна. Има свиленкаста текстура и овошна арома, надополета со моќен квалитет на газираност со нијанси на бели овошја и ноти на цитрон. Кристал е вино кое е ако се сочува, се отвори после 20 години, ќе ја задржи свежината и својот карактер.